Јавна дебата за Предлог- законот за енергетика
Почнуваат јавните расправи на кои ќе учествуваат домашни експерти и од Европската енергетска заедница. Се остава можност за негово разгледување, менување и подобрување на предлог- текстот во интерес на граѓаните, велат од Владата.

Снабдување со електрична енергија на слободниот пазар или преку таканаречен универзален снабдувач. Ова е една од новините во Предлог- законот за енергетика, со кој се предлага целосна либерализација на струјата. Според планираното, Законот треба да се имплементира од 2019-та година.
Почнуваат јавните расправи на кои ќе учествуваат домашни експерти и од Европската енергетска заедница. Се остава можност за негово разгледување, менување и подобрување на предлог- текстот во интерес на граѓаните, велат од Владата.
Според планираното, Владата треба да го усвои до крајот на годинава, по што почнува собраниската процедура. Се оставаат уште девет месеци за избор на снабувач со електрична енергија.
