СДСМ: Нулта толеранција за корупцијата
11.12.2017 10:07
Од партијата додаваат дека борбата против корупцијата и владеењето на правото се врвни вредности и нивни приоритети.

Институциите мора да го слушаат и да го почитуваат гласот на граѓаните, ќе следува одговорност за секое коруптивно однесување, велат од СДСМ. Од партијата додаваат дека борбата против корупцијата и владеењето на правото се врвни вредности и нивни приоритети.
Секој носител на јавна функција има одговорност кон граѓаните. Надлежните институции мора да го слушаат и да го почитуваат гласот на граѓаните, и да практикуваат професионален и достоинствен однос кон нив.
Оттаму, тие се должни да постапуваат и да го санкционираат секое коруптивно однесување, без разлика кој е сторителот и каков вид функција извршува, велат од СДСМ.
