Ракомет

Продолжува трката за СЕХА завршницата

19.02.2014 14:08

Вардарци бркаат три бода за враќање во првата СЕХА табеларна тројка и држење чекор за регионалната ракометна завршница...

РК Вардар вечерва на тешко гостување во Словачка кај Татран. Вардарци бркаат три бода за враќање во првата СЕХА табеларна тројка и држење чекор за регионалната ракометна завршница.

Татран е екипата кој го порази Мак шампионот на скопски паркет, па сега ако ништо повеќе се оди на мегдан за реванш. Но, во тимот на Татран пак трите бода ги калкулираат во насока за преземање на лидерската позиција во поредокот, оттука вечерниов дуел ветува интересен расплет.

Словаците влегуваат во мечот со цели 8 бода плус од црвено-црните но и коло повеќе одиграно. Или, табелата барем за петорката која и ги има изгледните шанси за СЕХА завршницата вели: Загреб прв со 34 бода, бод помалу брои вардарвиот вечерашен противник. На третото место е тимот на Мешков со само два бода повеќе од Вардар 27 и тим кој потсетуваме вчера во Белорусија славеше над наш Металург (27:24). Овој пораз металурзите ги чинеше останување на 5-тото место со 25 бода, колку брои и нивниот градски ривал, но на место погоре, четвртото.

Татран-Вардар вечерва 18 часот, живо на МРТ собранискиот сервис.