Премиерот Заев во официјална посета на Косово
Македонскиот премиер ќе се сретне и со претставници на македонско- косовската бизнис заедница. Во македонската делегација ќе бидат и министрите за економија, за транспорт и врски, за култура и министерот без ресор задолжен за дијаспора.

Премиерот Заев утре ќе престојува во еднодневна официјална посета на Косово. Ќе се сретне со неговиот колега Рамуш Харадинај, а ќе има средби и со претседателот на Косово, Хашим Тачи и со претседателот на Собранието, Кадри Весели.
Македонскиот премиер ќе се сретне и со претставници на македонско- косовската бизнис заедница. Во македонската делегација ќе бидат и министрите за економија, за транспорт и врски, за култура и министерот без ресор задолжен за дијаспора.
Ова е прва официјална посета на премиер на Република Македонија на Косово.
