Европскиот парламент со седница за Шенген и за Брегзит
11.12.2017 10:50
Се очекува пратениците да го потврдат постигнатиот напредок во преговорите меѓу ЕК и Лондон и да му препорачаат на Европскиот совет да го одобри започнувањето на трговските преговори со британските власти.

Европскиот парламент на последната седница годинава во Стразбур, ќе разговара за проширување на Шенген- зоната и за Брегзит.
Се очекува пратениците да го потврдат постигнатиот напредок во преговорите меѓу ЕК и Лондон и да му препорачаат на Европскиот совет да го одобри започнувањето на трговските преговори со британските власти.
Агендата вклучува и дискусија за ситуацијата во Африка и Азија и гласање за извештаите за европската надворешна и одбранбена политика, како и за извештајот за борбата против даночните измами.
