Започнува судењето против напаѓачите на ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул
11.12.2017 10:33
Обвинителството бара по 4 доживотни затворски казни за главниот обвинет Абдулкадир Машарипов и за уште четворица од вклупно 56 лица.

Извршителите на терористичкиот напад во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ се изнесени пред суд. Обвинителството бара по 4 доживотни затворски казни за главниот обвинет Абдулкадир Машарипов и за уште четворица од вклупно 56 лица.
Терористите на Исламска Држава користеле кодирани имиња. На новогодишната ноќ, Машарипов влезе во „Реина“ со маска на Дедо Мраз и усмрти 39 лица.
Повредени беа над 100 лица.
