Одложена амандманската расправа за законот за јазиците

11.12.2017 13:05

Членовите од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. Претседателот на комисијата, Груби ја повика опозициската партија да учествува во расправата ...

Поради отсуство на министерот за правда како предлагач, одложена амандманската расправа во Комисијата за европски прашања за Предлог- законот за употреба на јазиците. Поднесените се 90 амандмани.

Членовите од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. Претседателот на комисијата, Груби ја повика опозициската партија да учествува во расправата и да гласа за предложениот закон. Вели дека не е загрозен унитарниот карактер на државата.