ВМРО-ДПМНЕ: Монтирани обвиненија за тероризам

11.12.2017 13:07

Како што стои во дописот, судството подлегна на притисоците на хунтата и со тоа е активен соучесник во политичката хајка против секој кој не е СДС.

ВМРО-ДПМНЕ и денеска на протест пред Министерството за правда. Македонија е земја на политички затвореници. Се монтираат обвиненија за тероризам против луѓе кои не направиле прекршок, ниту знаат што е оружје, велат од партијата.

Како што стои во дописот, судството подлегна на притисоците на хунтата и со тоа е активен соучесник во политичката хајка против секој кој не е СДС.

ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на процесите на политичкиот прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон, се вели во соопштението.