Бензините поскапуваат за половина денар

11.12.2017 13:12

Регилаторот објаснува дека во изминатите две недели на светската берза се продавала поскапа нафта...

Од полноќ поскапуваат горивата- реши Регулаторната комисија за енергетика. Цената на бензините, дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар, а мазутот незначително поевтинува.

Регилаторот објаснува дека во изминатите две недели на светската берза се продавала поскапа нафта, а курсот на денарот во однос на доларот бил понизок.