СЈО: Прифатено барањето за заштита на законитоста во случајот на Едмонд Темелко

11.12.2017 13:17

Со пресудата на Врховниот суд е потврдено решението на судијата на претходна постапка од 12-ти февруари 2016-та година, со која беше утврдено дека е законита наредбата за лишување од слобода на Темелко, информираат од Специјалното јавно обвинителство.

Врховниот суд го уважи барањето за заштита на законитоста во случајот на Едмонд Темелко, поднесено од Специјалното јавно обвинителство. Со пресудата на Врховниот суд е потврдено решението на судијата на претходна постапка од 12-ти февруари 2016-та година, со која беше утврдено дека е законита наредбата за лишување од слобода на Темелко, информираат од Специјалното јавно обвинителство.

Врховниот суд потврди дека СЈО е надлежно за конкретниот случај, дека има овластувања да издаде наредба за лишување од слобода, да раководи со предистражна постапка, да ги насочува дејствијата на надлежните органи и дека ја има на располагање правосудната полиција, стои во дописот.

По наредба на јавен обвинител на СЈО, Темелко беше лишен од слобода, а од судија на претходна постапка беше побарано да се изрече мерка притвор.