Метео: Утринска магла по одделни котлини

11.12.2017 14:13

Под влијание на јужно воздушно струење дневните температури ќе бележат пораст и во наредните денови.

Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со појава на утринска магла по одделни котлини. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на јужно воздушно струење дневните температури ќе бележат пораст и во наредните денови.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска