Путин нареди повлекување на руските војници од Сирија

11.12.2017 14:36

Во воздухопловната база каде што беше пречекан од претседателот Башар Ал Асад, нареди повлекување на своите трупи поради постигнатиот успех во борбата против тероризмот во регионот.

Рускиот претседател Владимир Путин во ненајавена посета на Сирија, пред закажаните средби во Египет и во Турција.

Во воздухопловната база каде што беше пречекан од претседателот Башар Ал Асад, нареди повлекување на своите трупи поради постигнатиот успех во борбата против тероризмот во регионот.

Безбедноста, политиката, економијата и најновите случувања по признавањето на Ерусалим, се дел од темите за разговор на средбите на Путин со Ердоган и Ал Сиси.