УПОЗ: Дарко Димовски не е легитимно избран претседател на ССМ

11.12.2017 14:47

Обвинуваат дека начинот на работа не е сменет и според УПОЗ, ССМ не е демократска организација.

Дарко Димовски е нелегитимно избран претседател на ССМ, тврат од УПОЗ. Според нив, кризата во синдикатот само ќе се продлабочува. Обвинуваат дека начинот на работа не е сменет и според УПОЗ, ССМ не е демократска организација.

Неговиот избор беше нестатутарен и без да се даде шанса на делегатите на тајно гласање да изберат еден од двајцата кандидати, што е основно право на демократски избори, рече на денешната прес-конференција генералниот секретар на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Тој обвини дека претседавачот со Конгресот, Роберт Симоновски во содејство со Дарко Димовски направиле своевиден криминал.