Иванов ја почна посетата на Бразил

11.12.2017 14:55

Шефот на државата се сретна со претседателот на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло, најголема Стопанска комора во Латинска Америка. Разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Бразил и можностите за економска соработка и трговска размена...

Претседателот Иванов ја почна официјална посета на Бразил. Се сретна со претседателот на Федерацијата на индустрии на Сао Паоло, најголема Стопанска комора во Латинска Америка. Разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Македонија и Бразил и можностите за економска соработка и трговска размена.

Утре Иванов во Бразилија со највисоки државни почести ќе биде пречекан од претседателот Мишел Темер. Ова е прва официјална посета на претседател на Република Македонија на Федеративна Република Бразил и на Латинска Америка.

Шефот на државата ќе присуствува на свеченото отворање на македонската амбасада во Бразилија, прва резидентна македонска амбасада во Латинска Америка.

Во Бразилскиот центар за меѓународни односи, Иванов ќе одржи предавање на тема „Европската бегалска криза- научени лекции“.