Туризам: Се бараат измени во законската регулатива

11.12.2017 15:14

Здружението за туризам и угостителство бара измени во начинот на субвенционирањето, нова категоризација на угостителските објекти, поголема соработка со инспекциските служби и регулирање на професијата туристички водич. Реагираат, на како што велат, нелојалната конкуренција...

Превозници работат како туристички агенции, агенции, пак, се регистрирани дека вршат патничка дејност. Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија, посочува на нелојална конкуренција во дејноста. Бара законски измени и поголема соработка со инспекциските служби.

Едно од барањата е да се промени правилникот за субвенционирање.Туристичките работници предлагаат лиценците на туристичките агенции да се реобновуваат на две или три години, и да се направи нова категоризација на хотелските и на угостителски објекти.

Сѐ уште се проблем и таканаречените човек- агенции.

 

Дијана Ценевска