Шекеринска: 15 насто повеќе средства за одбраната

11.12.2017 15:20

Министерката Шекеринска вели дека се предвидени пари за зголемување на платите на вработените во АРМ и во одбраната од јануари, како и за модернизација на опремата.

Во буџетот за 2018-та година 15 насто повеќе средства за одбраната. Министерката Шекеринска вели дека се предвидени пари за зголемување на платите на вработените во АРМ и во одбраната од јануари, како и за модернизација на опремата.

Буџетот за 2018-та најавува радикална промена на ставот кон одбраната. Покажува дека Владата континуирано ќе вложува во стандардот, во условите, во опременоста на армијата, која ќе продолжи се до исполнување на НАТО очекувањата за одвојување на два отсто од БДП. Зголемувањето на буџетот е уште еден начин да покажеме дека сме многу сериозни во исполнување на нашата стратешка цел, а тоа е нашето членство во НАТО, нагласи Шекеринска.

Таа нагласи дека со политичка одлука ќе се одредува, која година, со кое темпо Македонија ќе се приближува до целта декларирана од страна на членките на НАТО за издвојување од два отсто од БДП.