Претставници од власта се обврзаа за борба против корупцијата

11.12.2017 16:13

Политичари од владејачкото мнозинство дадоа заклетва дека нема да толерираат корупција и ќе се залагаат за еднаква правда за сите. Документот е отворен за потпис...

Декларација за борба против корупцијата потпишаа претставници од власта. Се обврзаа дека преку институциите ќе се залагаат правдата да биде достапна за сите. Дополнително документот ќе може да го потпишат и невладините организации и претставници на граѓанските здруженија.

Се воведува и годишната државна награда „Мето Јовановски“ за афирмација на човековите права.

Според статистиката на Обединетите нации, се проценува дека годишно корупцијата на светско ниво голта 2,6 трилиони долари, односно 5 насто од светското БДП.

 

Анита Димитријевска