Претставен новиот Предлог- закон за енергетика
Надлежните велат дека граѓаните ќе имаат избор на слободниот пазар од кого ќе набавуваат енергенски. Владата уверува дека ќе се задоволат сите директиви од третиот пакет на Европската унија. Се очекува законското решение да се донесе до крајот на првиот квартал од идната година...

Македонија ги избегна санкциите од Европската унија и доби дополнителен рок да го донесе новиот Закон за енергетика. Владата го подготви Предлог- законот и најави дека до крајот на годината ќе го достави до Собранието, кое во регуларна постапка би го донело до крајот на март наредната година. Целосната либерализација на пазарот на електрична енергија е можна во период од девет месеци, односно до крајот на 2018- та.
Избегната е блокада на користењето на европски фондови, вредни 200 до 300 милиони евра, што ни се закануваше поради неусогласување со третиот пакет енрегетски регулативи и покренувањето две постапки пред Енергетската заеница во Виена, појасни вицепремиеерот Кочо Анѓушев. Либерализацијата ќе им донесе на компаниите заштеди од најмалку 30 милиони евра годишно, ЕЛЕМ ќе мора да најде начин да го зголеми производството на струја, да го активира Осломеј и да ги намали трошоците за околу четири евра по мегават, во однос на регулираната цена. Ќе се промени и пазарот на природен гас. Ќе мора да се разделат сопственоста на гасоводите од трговијата со овој енергенс, доколку се лоцирани кај еден правен субјект.
ЕЛЕМ ќе остане под капата на државата засекогаш- е ставот на сите економски министри во Владата, беше дециден Анѓушев. Тој најави дека Осломеј ќе проработи на високо квалитетен јаглен, а пред тоа ќе се модернизира котелот во термоцентралата. Се напушта моделот на фидинг тарифи кај обновливите извори на енергија, а се воведуваат премиите, најави Анѓушев.
Практично, државата ќе заштеди големи средства, за 20 мегавати би плаќале премии од околу 350 илјади евра годишно, наместо сегашните 4,8 милиони евра преку фидинг тарифите, појасни вицепремиерот.
Свето Николовски
