Њујорк

Експлозија на Менхетен

11.12.2017 17:17

Американските медиуми пренесуваат дека напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело, експлодирала и му нанела повреди.

Експлозија на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн во Њујорк. Според информациите од САД, четворица се повредени, а бомбашот кој имал импровизирана експлозивна направа е уапсен.

Американските медиуми пренесуваат дека напаѓачот носел две експлозивни направи, од кои едната била прицврстена на неговото тело, експлодирала и му нанела повреди.

Полицајците потоа успеале да ја отстранат другата бомба. Напаѓачот е уапсен.