Продолжува обесштетувањето на сточарите за „јазлеста кожа“
Сточарите на кои имаа угинат добиток од болеста „јазлеста кожа“ ќе бидат обештетени од страна на државата. Досега таа можност ја немаа поради тоа што во законот беше предвидено дека ваков надоместок следува само за одземени заболени животни.

Почна обесштетувањето на сточарите чиј добиток минатата година угина од „јазлеста кожа“. Ова е овозможено со измените на Законот за земјоделство и рурален развој, а опфатени ќе бидат вкупно 241 сточар, за што се обезбедени 15 милиони денари.
Досега, обесштетување можеа да добијат само сточарите на кои говедата им беа одземени или принудно усмртени поради болеста, но не и оние чии грла угинаа додека ги чекаа надлежните ветеринарни служби.
Оваа болест иако досега беше карактеристична за африканското подрачје стана и наш регионален проблем.
Бројот на заболени и сомнителни животни во Македонија пред вакцинацијата беше 0,3 проценти од вкупната популација на говеда во земјава што е многу помалку во споредба со соседните Бугарија и Грција каде што беа регистрирани скоро 7.500 случаи на оваа добиточна болест.
Методија Трајков
