Нимиц во Брисел на средба со Наумовски и со Василакис

12.12.2017 10:32

Напладне се очекува конференцијата за новинарите на Нимиц, на која што треба да ги соопшти најновите информации околу евентуално надминување на црвените линии на Македонија и на Грција.

Невремето во Белгија ги презакажа средбите на посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц со претставниците Васко Наумовски и Адамантиос Василакис за денеска. Беше откажана и заедничката вечера на медијаторот со грчкиот и македонскиот претставник.

Напладне се очекува конференцијата за новинарите на Нимиц, на која што треба да ги соопшти најновите информации околу евентуално надминување на црвените линии на Македонија и на Грција.

Не се навестуваат нови предлози за уставното име на нашата држава.