Иванов на средба со бразилскиот колега Мишел Темер

12.12.2017 10:38

Денеска ќе има прием кај неговиот колега Мишел Темер, по што ќе присуствува на свеченото отворање на нашата амбасада во Бразилија, прва резидентна македонска амбасада во Латинска Америка.

Од вчера шефот на државава Иванов е во Бразил. Ова е прва официјална посета на македонски претседател на оваа држава и на Латинска Америка.

Денеска ќе има прием кај неговиот колега Мишел Темер, по што ќе присуствува на свеченото отворање на нашата амбасада во Бразилија, прва резидентна македонска амбасада во Латинска Америка.

Иванов имаше средби со првите луѓе на федерациите за индустрии на сао паоло и на рио де жанеиро, а според најавите, ќе одржи и предавање на тема: европската бегалска криза.