Обновен рибниот фонд во прилепското вештачко езеро

12.12.2017 10:43

Обновен е рибниот фонд во прилепското вештачко езеро со 200 килограми риба, подмладок и матица. Поради сушата, годинава беше на работ на катастрофа за рибниот фонд во езерото. Со рибочувари, клубот го штити езерото од рибократците...

Прилепското вештачко езеро е порибено со 200 килограми риба. Тоа е годишната обврска на спортско- риболовниот клуб „Мамец“ како концесионер кој треба да го одржува и да го збогатува рибниот фонд на езерото.

Езерото достигнува до 25 тони рибен фонд, но годинава, поради сушата беше катастрофална за живиот свет. Тоа им погодува на рибократците.

Клубот „Мамец“ е концесионер и на дел од Црна Река и се самофинасира од членарината за издавање дозволи. Еден е од најдобрите клубови во земјава, пет години државен шампион со двајца репрезентативци.

 

Елизабета Митреска