Товарниот и патниот железнички сообраќај во целосен прекин
12.12.2017 10:58
Прекинот на железничките врски предизвикан од неисплатениот втор дел од октомврискиот личен доход. Вработените укажуваат- штрајкот ќе трае до исполнувањата на барањата, меѓу кои и ноемвриската плата, најдоцна до 25-ти декември.

Товарниот и патниот железнички сообраќај се во целосен прекин. Протестот ќе трае сѐ до исплонувањето на барањата- да се исплати вториот дел за октомвриската плата, но и ноемвриската, најдоцна до 25-ти декември.
Прекинот на патничкиот сообраќај почна од ноќеска на полноќ. Вработените велат дека од Владата им била најавена средба, но претходно да биде нормализиран сообраќајот, што според нив, не било прифатливо.
Од менаџментот на компанијата велат дека работат на што поскоро нормализирање на ситуацијата.
