Австрија: Жртви во експлозија на терминал за природен гас

12.12.2017 12:08

Сѐ уште не е позната причината за експлозијата. Баумгартен е клучен терминал и центар за складирање на природен гас во овој дел на Европа.

Едно лице загина, а 18 се повредени при експлозија во терминал за природен гас во Источна Австрија. Сѐ уште не е позната причината за експлозијата. Баумгартен е клучен терминал и центар за складирање на природен гас во овој дел на Европа.

До терминалот се доставува руски природен гас преку гасоводи кои минуваат низ Украина, Белорусија и Словачка, а од Баумгартен се издвојуваат гасоводи кон Италија и Германија.