Шилегов: Преку ново системско решение ќе се растерети градскиот метеж

12.12.2017 12:23

Со секоја нова реконструирана и изградена улица Градот Скопје предвидува изградба на соодветни велосипедски и пешачки патеки, а се со цел да се овозможат алтернативни начини на движење на граѓаните на град Скопје, рече Шилегов.

Проектот Скопје- велоград е еден од приоритетите на градоначалникот на Скопје, Шилегов. Преку ново системско решение, целта е да се растерети градскиот метеж во центарот на градот и последицата од него- штетните гасови. Со секоја ново изградена или реконструирана улица, градоначалникот вети и велосипедски патеки, како и поприфатлив еколошки градски превоз, односно електрични автобуси. На почетокот од наредната година, следат неколку пилот проекти.

Со секоја нова реконструирана и изградена улица Градот Скопје предвидува изградба на соодветни велосипедски и пешачки патеки, а се со цел да се овозможат алтернативни начини на движење на граѓаните на град Скопје, рече Шилегов.

Според градоначалникот, Скопје мора да биде просперитетен и модерен град и најави дека планот на градската администрација е Скопје треба да стане зелена европска престолнина до 2021 година со функционирање на градот со системот смарт- сити.