43,37 милијарди денари за социјална заштита, вработувања и пензии во 2018-та
Предлог буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018-та година е највисок во износ, во споредба со сите ресори затоа што најголем дел од средствата одат директно кај граѓаните, изјави на денешната прес-конференција министерката Царовска.

Идната година Министерството за труд и социјална политика ќе располага со буџет од 43 милијарди 376 милиони и 583 илјади денари. Според министерката Мила Царовска, ова министерство ќе има најголем буџет од сите останати ресори.
Предлог буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018-та година е највисок во износ, во споредба со сите ресори затоа што најголем дел од средствата одат директно кај граѓаните, изјави на денешната прес-конференција министерката Царовска.
Најголема поддршка ќе имаат граѓаните кои се корисници на социјални надоместоци, за кои се предвидени осум милјарди денари. Најголемо зголемување на средства има во областа на детската заштита поради констатираните катастрофални состојби, а со цел поголем опфат на деца и подобрување на просторните и кадровските капацитети за згрижување на децата. За оваа намена предвидени се 1.578.290.000 денари. За изградба и опремување детски градинки и објекти за социјална заштита се планирани 58 милиони денари.
Царовска вели дека санкции ќе има за работодавачите кои не исплаќаат минимална плата, бидејќи тоа е кривично дело, но вели, потребни се докази. Во буџетот за догодина планирани се и средства за активни мерки за вработување и тоа во износ од 287.500.000 денари. Голем дел од буџетот, или 29 милијарди 158 милиони денари се за стабилност, редовна исплата на пензии и редовното усогласување на пензиите.
