ВМРО-ДПМНЕ: За состојбата средби со меѓународната заедница

12.12.2017 13:11

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ почна серија на средби со меѓународната заедница за состојбата во земјава.

Судството како и останатите институции се целосно заробени од хунтата, а судовите не одлучуваат според законот, туку според волјата на Зоран Заев, тврдат во ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија нема да дозволи газење на правната држава во која ќе владее правото, а не насилството и безредието.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ почна серија на средби со меѓународната заедница за состојбата во земјава. Сѐ уште нема решение- дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат Собранието.