ДИК

Субхи Јакупи поднесе оставка од член на ДИК

12.12.2017 13:41

Бранот оставки следува откако американскиот амбасадор, Џес Бејли посочи дека членовите на ДИК си поделиле надоместоци за последните неколку изборни циклуси, а за тоа не ја известиле јавноста.

Уште една оставка во Државната изборна комисија. По претседателот Александар Чичаковски и членовите Виолета Дума и Игор Милев, од функцијата се повлече и Субхи Јакупи, кој во комисијата е на предлог на ДУИ. Оставката ја доставил од Собранието, а парите од бонусите ќе ги врати во буџетот.

Бранот оставки следува откако американскиот амбасадор, Џес Бејли посочи дека членовите на ДИК си поделиле надоместоци за последните неколку изборни циклуси, а за тоа не ја известиле јавноста.

Сега Собранието е на потег да ги констатира оставките.