НАТО: Продолжен мандатот на Столтенберг до 2020 година
12.12.2017 14:17
Северноатлантската алијанса потенцира дека НАТО има целосна доверба во можностите на Столтенберг да продолжи да работи на напредокот на алијансата за справување со современите предизвици.

НАТО го продолжи мандатот на генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, до 30 септември 2020 година. Северноатлантската алијанса потенцира дека НАТО има целосна доверба во можностите на Столтенберг да продолжи да работи на напредокот на алијансата за справување со современите предизвици.
Норвежанецот ја презеде функцијата на 1 октомври 2014 година, а неговиот мандат официјално истече пред два месеца. Пред тоа тој двапати беше премиер на Норвешка, во периодот од 2000 до 2001 година и од 2005 до 2013 година.
