Заев- Харадинај: Перспектива за соработка, односите насочени кон евроинтеграциите
„Нова Македонија“ е веројатно предлог на некои медиуми, изјави премиерот Заев на прес конференцијата со неговиот домаќин, косовскиот премер Харадинај во Приштина. УНЕСКО е суптилна тема, а ние сакаме да бидеме добри соседи и со Србија и со Косово. За „Дива населба“ бараме меѓународна истрага- вели македонскиот премиер, додека Харадинај оцени- имаме заедничка иднина и посветеност со Македонија.

Македонија и Косово немаат отворени прашања и имаат перспектива за соработка, констатираа премиерите Заев и Харадинај. И двете земји имаат исти евроатлански аспирации, и затоа премиерите се договориле да си помагаат на овој пат.
Што се однесува на поддршката на Косово за УНЕСКО, премиерот Заев одговори дека Македонија дава голема поддршка на дијалогот меѓу Приштина и Белград.
„Ние даваме голема поддршка на дијалогот кој што е оворен помеѓу Приштина и Белград, и во функција на тоа е решавањето на сите овие прашања. Косово треба да смета на поддршката на Република Македонија во сите свои процеси, но истовремено знаете дека и Република Србија е нашиот сосед, така во делокругот на доброто соседство со сите земји, се надеваме дека билатерално ќе се решаваат прашањата, а ние ќе бидеме тука да ги помогнеме процесите“, изјави премиерот Заев.
Заев посочи дека тој е првиот премиер што е во официјална посета на Косово. На средбите разговарале за потпишување на нови 20-ина билатерални договори и спогодби. Го покани косовскиот колега Харадинај. Го покани косовскиот колега Харадинај да одржат заедничка владина седница во Македонија.
„Република Косово и Република Македонија се соседи, делат заедничка судбина во регионот, а исто така делат заедничка европска перспектива. Тука сме за да помогнеме односите и соработката да се унапредат повеќе. Ние имаме добри односи, меѓутоа сакаме и понатаму да ги унапредиме. Двете влади во иднина ќе соработуваат во интерес на граѓаните“, изјави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај.
Двајцата премиери и нивните делегации разговарале за унапредување на економската соработка, пред сѐ за изградба на автопатот Скопје- Блаце и отворање на граничниот премин Белановце- Станишиќ. Трговската размена меѓу двете земји е 160 милиони евра, се отвора пат таа да се зголеми.
Премиерот Заев од Приштина, со порака до граѓаните на Косово и на Македонија- да ги унапредуваат соработките на сите полиња, образованието, спорото, културата, а до бизнисмените од двете држави- меѓусебно да соработуваат за отворање на нови работни места, пред сѐ за младите.
Премиерот Зоран Заев оствари средба и со претседателот на Косово, Хашим Тачи и собранискиот спикер, Кадри Весели. Македонската владина делегација се сретна и со косовската бизнис- заедница.
Наташа Гркова- Петрушевска, специјален известувач од Приштина за МРТ
