До 2021-ва Скопје ќе биде зелена европска престолнина
Проектот „Скопје- велоград“ е еден од приоритетите на градоначалникот Шилегов. Преку ново системско решение, целта е да се растовари градскиот метеж. Со секоја ново изградена или реконструирана улица, градоначалникот вети и велосипедски патеки, како и поприфатлив еколошки градски превоз, односно електрични автобуси...

До 2021-ва година, Скопје ќе биде зелена европска престолнина. Новата администрација има цел преку еколошко и модерно системско решение да се растовари метежот во центарот на градот и да се намали емисијата на штетни гасови, вели градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Најави зголемување на бројот на велосипеди.
Германците нѐ советуваат- потребно да е се обезбеди одржливост на транспортниот сектор и тој да биде енергетски ефикасен.
Џејмс Магбет, од „Гиз Македонија“ укажува дека околу 90 проценти од населението во урбаните средини страда од загаден воздух и ова е честа причина за смртност.
Александра Спировска
