Нимиц: Нема да се појави ново магично име, решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија

12.12.2017 14:39

Најверојатно прашањето за името може да биде решено во наредната година- оцени Нимиц. Според медијаторот Нимиц, и во Грција и во Македонија е подобрена климата за решавање на прашањето за името.

Нема да се појави ново магично име, решението ќе биде најдено со политичка волја и добра дипломатија- изјави посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц по средбите со претставниците на Македонија и на Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис во Брисел.

Најверојатно прашањето за името може да биде решено во наредната година- оцени Нимиц. Според медијаторот Нимиц, и во Грција и во Македонија е подобрена климата за решавање на прашањето за името. Денешените разговори во Брисел, како што посочи, поминале во добра атмсофера. Најави дека разговорите ќе бидат интензивирани во наредниот период со нови средби во Њујорк во јануари, февруари и март.

Се разбира дека дека има тешки прашања за двете страни, но ќе се обидеме да ги решиме во следните месеци, изјави медијаторот.

Нимиц оцени дека владите во Атина и Скопје решавањето на прашањето за името го ставаат високо на своите агенди и имаат намера и натаму да работат на подобрување на меѓусебните односи.

По три годишна пауза, за прв пат се одржува состанокот за разликата за името, овојпат во Брисел. Досега разговорите се одржуваа во Њујорк.