„Сава Ре“ го купи „НЛБ Нов пензиски фонд“
Словенечка „Сава Ре“ го купи „НЛБ пензиски фонд“. Договорот за купопродажба чека зелено светло од Државната агенција за супервизија на капитално пензиско осигурување. Сопствениците гарантираат сигурност на осигурениците.

Пензинскиот фонд „НЛБ“ доби нов газда, словенечката „Сава Ре“ групација купи стопроценти од акциите. Договорот чека зелено светло од Државната агенција за супервизија на пензинско капитални осигурвање. Потенцијалниот сопственик гарантира сигурност на осигуренците и развој на бизнисот. Ќе ја зацврстува позицијата на пазарот.
„Бидејќи ова ни е стратешки продукт можам да кажам дека кога купуваме ваков продукт сакаме со децении да го развиваме и на тој начин уште долго ќе бидеме присутни на македонскиот пазар, со согурност ќе го преземеме фондот и професионлано ке го управуваме. Овие средства обезбедуваат и социјална сигурност на луѓето од третата доба“, вели Марко Јазбец од „Сава Ре“.
Колку пари чини зделката и дали вработените ќе бидат преземени од новиот сопственик? Детали од договорот не се откриваат. Уште во март годинава, во јавноста беше обелоденета информацијата за почнување на продажбата на за задолжителниот и доброволен пензиски фонд. На прашањето зошто НЛБ Групацијата се одлучила на ваков чекор во услови на раст на бизнисот и добивка од над 1,2 милиони евра и капитал поголем од 7,3 милиони евра, менаџментот тврди:
„Бизнис одлука е да се продаде фондот. Фондот е во исклучително добра кондиција, но ние како групација сакаме да се концентрираме и целиот свој фокус да го дадеме на нашиот кор бизнис, а тоа е банкарството“, изјави Антонио Аргир, претседател на УО на НЛБ Банка.
Во Македонија, и вториот и третиот пензиски фонд остваруваат континуиран раст и принос од 5 до 6 насто на годишно ниво, познавачите велат со таква стапка за граѓаните е поисплатливо да ги инвестираат своите заштеди.
Сузана Фиданска- Стоевска
