И Прекопуца и Урумов од ДИК поднесоа оставки

12.12.2017 15:03

Претходно денеска оставка поднесе и членот предложен од ДУИ, Субхи Јакупи.

Потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца и членот на ДИК Атанас Урумов попладнево поднеле барање за предвремен престанок на мандатот, потврдија од Комисијата.

Претходно денеска оставка поднесе и членот предложен од ДУИ, Субхи Јакупи.

Вчера оставки поднесоа претседателот Александар Чичаковски, и челновите на ДИК предложени од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Бранот оставки следува откако американскиот амбасадор, Џес Бејли посочи дека членовите на ДИК си поделиле надоместоци за последните неколку изборни циклуси, а за тоа не ја известиле јавноста. Сега Собранието е на потег да ги констатира оставките.