Речиси сите членови на ДИК си поднесоа оставки

12.12.2017 16:33

Ваквиот расплет следува, откако американскиот амбасадор, Џес Бејли посочи дека членовите на ДИК си поделиле надоместоци за последните неколку изборни циклуси, а за тоа не ја известиле јавноста.

Се редат оставки во Државната изборна комисија. По претседателот Александар Чичаковски и членовите Виолета Дума и Игор Милев, од функцијата се повлекоа и потпретседателот Реџеп Прекопуца, Субхи Јакупи, Атанас Урумов, Силвана Бонева и Сашо Срцев.

Ваквиот расплет следува, откако американскиот амбасадор, Џес Бејли посочи дека членовите на ДИК си поделиле надоместоци за последните неколку изборни циклуси, а за тоа не ја известиле јавноста.

Сега Собранието е на потег да ги констатира оставките. Се најавува дека тоа ќе биде направено на првата наредна седница.