Случај „Труст“: На вештакот не му бил дозволен увид
Во кривичниот суд ново рочиште за случајот „Труст“ за тендерот на „ЕЛЕМ“ вреден 17 милиони евра. Сведошече еден од вештаците. В четврток ќе биде сослушан и другиот...

Вештакот побарал, но не му дозволиле да направи увид во двете дробилици во сопственост на конзорциумот којшто добил тендер за ископ на јаглен и јаловина во Суводол. Наместо тоа, експертот од областа на машинството кој сведочеше по барање на Обвинителството, го изнесе мислењето врз основа на документацијата што ја поседувале трите фирми.
Одбраната тврди оти не се точни наводите на Обвинителството дека Комисијата што одлучувала за јавната набавка била измамена на начин што и била дадена невистинита документација.
Во предметот „Труст“ што го отвори СЈО, се обвинети правни и физички лица. Се товарат дека со лажна документација добиле тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина.
Анита Димитријевска
