Усвоен дополнетиот предлог на буџетот за 2018-та
Има зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, 200 милиони денари кај блок-дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи на регионално ниво, во Фондот за здравство од 100 милиони и во инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари.

Владата го усвои дополнетиот предлог на буџетот за 2018-та година со прифатените амандани од комисиската расправа во Собранието.
Има зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, 200 милиони денари кај блок-дотациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи на регионално ниво, во Фондот за здравство од 100 милиони и во инспекторатот за животна средина од 10 милиони денари.
Од владината прес-служба информираа дека буџетот за идната година е проследен до Собранието на усвојување. Ќе се разгледува на пленарната седница в петок.
