Железничкиот сообраќај и денеска во прекин

13.12.2017 10:38

Вработените бараат исплата на вториот дел од платата за октомври. Најавена е средба со претставници на Владата.

Поради протестот на вработените во МЖ- Транспорт, товарниот и патничкиот сообраќај втор ден е во целосен прекин. Вработените бараат исплата на вториот дел од платата за октомври. Најавена е средба со претставници на Владата.

Од раководството на МЖ- Транспорт информираа дека се работи на надминување на проблемот со исплатата на платите и нормализирање на сообраќајот.

Освен вториот дел од октомвриската плата, вработените бараат ноемвриската да им биде исплатена најдоцна до 25 декември.