Шекеринска во посета на Обединетото Кралство

13.12.2017 10:44

Шекеринска ќе има обраќање во Европскиот совет за надворешни работи на тема „Македонија и НАТО“. Таа ќе ги посети и највисоките воено-образовни институции во Велика Британија - Академијата за одбрана и Кралската воена академија „Сендхрст“...

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од денеска престојува во неколкудневна работна посета на Обединетото Кралство каде што ќе има средби со британскиот секретар за одбрана Гавин Вилијамсон и со сер Алан Данкан, министер за Европа и Америка, соопштија од Министерството за одбрана.

Шекеринска ќе има обраќање во Европскиот совет за надворешни работи на тема „Македонија и НАТО“. Таа ќе ги посети и највисоките воено-образовни институции во Велика Британија - Академијата за одбрана и Кралската воена академија „Сендхрст“, каде еден од дипломците е македонскиот кадет- дипломец Милош Трендевски кој ја завршува Академијата со највисоки резултати. Во петок Шекеринска ќе присуствува и на церемонијалната парада во чест на дипломирањето на кадетите на академијата „Сендхрст“.

Во рамки на посетата министерката Шекеринска ќе го посети и Кралскиот колеџ за одбранбени студии, и ќе даде интервјуа за „Би Би Си“ и „Гардијан“.