ЊУЈОРК
Напаѓачот Улах го предупредил Трамп на Фејсбук
13.12.2017 11:47
„Трамп не успеа да го заштитиш својот народ“, му порачал 27-годишниот имигрант од Бангладеш кој е обвинет за тероризам по експлозијата на Менхетн.

Пред нападот во Њујорк, Акајед Улах го предупредил американскиот претседател Доналд Трамп со објава на Фејсбук.
„Трамп не успеа да го заштитиш својот народ“, му порачал 27-годишниот имигрант од Бангладеш кој е обвинет за тероризам по експлозијата на Менхетн.
Во детонацијата на бомбата која ја носел на телото беа повредени три лица. Обвинет е и за материјална поддршка на странска терористичка организација.
