Владата бара решение за „Казандол“
Тим експерти бараат начин како државата да избегне плаќање оштета. Надлежните повторуваат - приоритет е здравјето на граѓаните. Инвеститорот, пак, за денеска најави минирање на рудникот.

Владата бара решение за рудникот „Казандол“. Тим експерти бараат начин како државата да избегне плаќање оштета. Надлежните повторуваат - приоритет е здравјето на граѓаните. Инвеститорот, пак, за денеска најави минирање на рудникот.
„Здравјето на граѓаните е врвен приоритет, вториот приоритет е заштита на животната средина и тие одат еден до друг. Во исто време мора да се заштити и да се обезбеди интересот на државата. Во моментов, Владата на РМ работи на изнаоѓање на правно- формални аргументи и механизми за решавање на овој проблем, со цел да се заштитат приоритетите“, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Премиерот Зоран Заев денеска, исто така повтори дека Владата ќе остане на своето ветување и ќе се искористи секој правно- формален аспект за да се спречи изградбата на рудниците.
„Ќе направиме сѐ. Нашата намера е да ја спречиме изградбата на рудниците, сѐ што постои правно формално, а гледам дека има пропусти. Правните тимови работат, ќе ги издадат сите овие резултати што се како заклучоци“, рече Заев кој денеска присуствуваше на настан во организација на Евроатланскиот совет.
