ВМРО-ДПМНЕ: Политички прогон и пресметка со патриотите

13.12.2017 13:07

Од партијата потенцираат дека незаконието кога тогаш ќе биде казнето, а сите чинители во процесот на уништување на државата ќе одговараат пред законот. Се бара ослободување на притворените и безусловно запирање на процесите на политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ и попладне на протест пред Министерството за правда. Судската одлука за потврдување на притворите за пратениците е срамна и е доказ за политички прогон на неистомислениците на власта. Срамна е и најавата за меѓународна истрага за терористите од Диво насеље, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека незаконието кога тогаш ќе биде казнето, а сите чинители во процесот на уништување на државата ќе одговараат пред законот. Се бара ослободување на притворените и безусловно запирање на процесите на политички прогон.

Меѓународните организации не смеат да останат неми набљудувачи на уништувањето на државата и нејзиниот правен систем, се вели во дописот.