Делата на две пријателски држави на една изложба

19.02.2014 15:15

Синоќа беше отворена втората меѓународна балканска изложба „Мост“.Изложени се 50 дела на 26 македонски уметници и на 26 ликовни уметници од Турција. Македонија и Турција долго време припаѓале на една културолошка матрица и тоа е важен момент во дефинирањето на подоцнежните развојни фази и етапи. Влегувањето на овие две земји во европските уметнички текови и напорите да се следат модерните тенденции и стилови, ги измениле традиционалните ликовни продукции и донесле нови контексти на естетските вредности.

Синоќа беше отворена втората меѓународна балканска изложба „Мост“.Изложени се 50 дела на 26 македонски уметници и на 26 ликовни уметници од Турција. Македонија и Турција долго време припаѓале на една културолошка матрица и тоа е важен момент во дефинирањето на подоцнежните развојни фази и етапи. Влегувањето на овие две земји во европските уметнички текови и напорите да се следат модерните тенденции и стилови, ги измениле традиционалните ликовни продукции и донесле нови контексти на естетските вредности. Модернизмот и она што тој го носи, добива превласт во однос на класичните и стандарните уметнички теркови.

Врз основа на овие изложени дела се добива впечаток дека авторите од Македонија се движат претежно во рамките на модерното сликарство, една варијанта на стилизирана и апстрактна продукција изведена во класичните технички и тематски целини. И турската ликовна сцена се движи во вистинска насока.  Во рамките на постмодернизомот, по едно столетие на ограничувања, минијатурата повторно добива значење. Беа застапени многу графички техники, колажи од природни материјали, фотографии, масло на платно, цртежи со туш, пастели во различни комбинации...

Оваа изложба, која по вторпат се организира во Културно-информативниот центар  во Скопје е во режија на проф. д-р Фехим Хусковиќ од Факултетот за ликовни уметности. Тој во изјава за МТВ вели дека е предизвик да се валоризира творештвото на 50 уметници од две различни држави.

„Чест ми е што изборот на дела од Македонија го направив јас. Целта ми беше да направам спој на различни генерации и ракописи. Пораката е една: како да ги запознаеме државите преку поврзување на различни генерациски разлики,  разновидни ликовни дисциплини... Понудената разновидност е главниот квалитет на изложбата“.

Сите кои сакаат да ја погледнат изложбата, можат да поминат во просториите на КИЦ до први март.

Моника Јовановска