Дел од хеликоптер на САД падна врз училиште
На островот е стационирана најголемата американска воена единица во Јапонија. Во последните неколку години, серијата несреќи и злосторства на Окинава предизвикаа револт и противење кон базата на САД.

Едно момче е повредено откако дел од американски хеликоптер падна врз училиште во Окинава, со што повторно се зголемија тензиите меѓу локалното население.
На островот е стационирана најголемата американска воена единица во Јапонија. Во последните неколку години, серијата несреќи и злосторства на Окинава предизвикаа револт и противење кон базата на САД.
„Целиот остров е загрижен поради инцидентот. Нема оправдување. Нашата влада продолжува со собирањето информации и преземањето соодветни мерки“, изјави Јошихиде Суга.
Официјален Вашингтон се извини за инцидентот и спроведува истрага за причината за несреќата.
