Состанок на Партнерската комисија САД- Јадранска повелба

13.12.2017 14:39

Со министерскиот состанок се заокружува македонското претседавање со САД- Јадранската повелба...

Забрзување на евроинтеграциите на земјите од Балканот, политичко- безбедносна соработка и соочувањето со актуелните предизвици, теми на состанокот на Партнерската комисија САД-Јадранска повелба.

„Ние сме благодарни за обновениот интерес и заложба и во Вашингтон и во главните градови на европските држави. Сметаме дека следната година е година на нови можности, Македонија е подготвена да ги искористи истите. Се надеваме дека ќе има конктекст во којшто ние ќе бидеме следниот дел кој ќе се вклопи во целосната слика, рече министерот за надворешни работи“, Никола Димитров.

Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ посочи дека на денешниот состанок се продолжени разговорите за стабилноста и безбедноста во регионот.

„Охрабрени сме од политичката волја, и потребните чекори кои македонската Влада ги презема за да ги оствари своите аспирации за членство во НАТО и ние сме подготвени да дадеме целосна поддршка на Македонија, од аспект како земја-членка на НАТО“, изјави Дармановиќ.

„Потенцијалното решавање на прашањето за името исто така ќе претставува поттик за регионалната стабилност и го поздравуваме обновувањето на разговорите меѓу Македонија и Грција“, изјави Метју Палмер, директор на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт Департментот во Вашингтон.

Со министерскиот состанок се заокружува македонското претседавање со САД- Јадранската повелба. Претседателството го презема Црна Гора.