Метео: Променливо облачно, магла по котлините
13.12.2017 14:41
Ќе дува умерен ветер од западен правец кој на планините во северозападните подрачја повремено ќе го засилува интензитетот.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со појава на магла по одделни котлини.
Ќе дува умерен ветер од западен правец кој на планините во северозападните подрачја повремено ќе го засилува интензитетот.
Максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени.
Стабилното време без врнежи продолжува и во петок, а од сабота под влијание на нов влажен бран се очекуваат врнежи од дожд и снег на планините.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
