Одложена расправата за Предлог- законот за јазици
13.12.2017 15:07
Директната кавга меѓу Груби и пратениците од БЕСА, почна бидејќи претседателот на комисијата не им даде можност за процедурална забелешка, по одбивањето на нивниот амандман.

Повторно одложување на амандманската расправа по Предлог- законот за употреба на јазиците. Претходно, кавгата меѓу претседателот Груби и Фадил Зендели од БЕСА ја прекина расправата.
На седницата присуствува и министерот за правда, кој не прифати еден од амандманите на БЕСА. Директната кавга меѓу Груби и пратениците од БЕСА, почна бидејќи претседателот на комисијата не им даде можност за процедурална забелешка, по одбивањето на нивниот амандман.
Членовите од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваат на седницата. Претседателот Груби најави ново продолжение за 25-ти декември.
