Рочиште за случајот „Транспортер“, обвинетите бараат снимање на судењето
13.12.2017 14:11
Според обвинителот од СЈО, истрагата за „Транспортер“ е завршена во 2016-та година, а обвинетите добиле известување во септември и во октомври истата година.

Во скопскиот Кривичен суд рочиште за предметот „Транспортер“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Првообвинет е поранешниот градоначалник на Битола и уште 20 други лица.
Одбранта побара визуелно и тонско снимање на судењето, а доказите да бидат во писмена форма. Според обвинителот од СЈО, истрагата за „Транспортер“ е завршена во 2016-та година, а обвинетите добиле известување во септември и во октомври истата година.
СЈО во обвинението наведува докази за незаконски организиран автобуски превоз за ученици со кој биле злоупотребени 360 илјади евра, пари од општинската каса.
