Нормализиран железничкиот сообраќај
Веќе се префрлени парите на сметките на вработените за доисплата на октомвриската плата.

Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот и извршниот персонал во МЖ Транспорт, што беше причина за блокада на товарниот и патничкиот железнички транспорт во изминатите два дена.
Веќе се префрлени парите на сметките на вработените за доисплата на октомвриската плата. Сите возови ќе сообраќаат согласно редовниот возен ред. Првите ќе тргнат по 16 часот, и тоа од Скопје за Кочани, Гевгелија и Кичево.
Нормализирањето на сообраќајот следи по средбата што изутрина ја имаа вработените и менаџментот на МЖ Транспорт со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
